Коронел шпекулира: Пиастри веќе потпиша со Вилијамс во Монако

Холандскио тркач Том Коронел, верува дека Оскар Пиастри ќе биде следниот дебитант во Формула 1 откако најави дека веројатно веќе потпишал со Вилијамс за 2023 година и ќе вози крај Александер Албон догодина

Актуелниот Формула 2 првак не успеа да си најде место на гридот за сезонава и покрај тоа што во три последователни сезони стана шампион во Формула Рено, Формула 3 и потоа Формула 2, а годинава одработува како резерва во Алпин. Редовно е присутен на сите тестови на француската фабричка екипа, а самиот тестираше на Ред Бул Ринг.

Коронел најави дека токму австралијанецот ќе го замени Николас Латифи во Вилијамс догодиа откако канаѓанецот има очајно лоша сезона.

секако дека ќе го видиме резервистот на алпин како вози во вилијамс, тој договор веројатно во монако веќе е потпишан, но не знам кога официјално ќе се потврди.

ако сакате некој возач како пиастри да созрее и да стекне формула 1 искуство, тогаш алпин треба да подготват добар буџет за него за да му најдат место во некоја друга екипа – посочи коронел.

Ако се потврди она што Коронел го вели, тогаш веројатно Фернандо Алонсо ќе продолжи својто договор со тимот каде е последните две години и ќе вози крај Естебан Окон кој има долгогодишен договор.

не би позајмувале возач како пиастри за ништо, е би го носеле да вози за вилијамс доколку немате сериозн план за него. тоа значи дека тандемот на алпин, барем догодина, ќе биде непромент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ