Кој возеше најбрзо во Бразил ?

Автодромот Интерлагос се наоѓа на 800 метри надморска височина, така што реткиот воздух и помалото количество кислород дефинитивно влијаат на аеродинамичките перформанси и моќта од моторот.

Патеката бара средно висока потисна сила и многу аеродинамички и механички грип низ тесниот и полн со кривини среден сектор, а компромис се прави на долгиот правец.

Во продолжение се наоѓаат максималните брзини од мерните места постигнати за време на спринт квалификациите, токму поради фактот што многу се зборуваше за перформансите на Хамилтон во Сабота.

Кристијан Хорнер по саботниот спринт изјави дека брзината на Луис на правецот била “боли глава“ ,а бројките само го докажуваат тоа.

Со брзина од 339 кмч која е цели 4 кмч повеќе од следниот зад него и неверојатни 21,7 кмч повеќе од неговиот директен конкурент за титула, Макс Верстапен. За споредба, Валтери Ботас беше полжав во однос на она што го возеше неговиот колега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ