Крак не гледа важност во контактот на Строл и Алонсо

Астон Мартин го намалија значењето на контактот што беше направен помеѓу Фернандо Алонсо и Ленс Строл на воведниот круг на Големата Награда на Бахреин.

Строл удри во задниот дел на Алонсо кога тие влегоа во свиокот број 4, што предизвика шпанецот да го загуби моментумот и да заостане зад двајцата возачи на Мерцедес. По трката, Алонсо објасни дека првично мислел дека Расел го удрил.

Мислев дека е Џорџ. Подоцна ја видов репризата на ТВ и видов дека е Ленс – рече Алонсо.

Тој имаше многу добар почеток бидејќи беше покрај мене во свиокот 4.

Двата болида избегаа поголеми оштетувања, а Алонсо продолжи да го освои подиумот во своето деби за Астон Мартин. Строл заврши на шестото место додека го возеше тркачкиот викенд со повреди на зглобот и прстите што ги заработи во предсезонска несреќа со велосипед.

Иако нивните трки беа речиси уништени во првиот круг, тимскиот шеф Мајк Крак вели дека се среќни што ќе им дозволат на нивните возачи да се тркаат еден со друг понатаму.

Ова се работи што може да се случат во круг. Ленс многу тешко се бореше со Џорџ однадвор.

Ниту јас не сакам да го гледам тоа, тоа е јасно, Но им дозволивме да се тркаат во првиот и вториот круг и да продолжат. Тоа е нешто што знаете дека може да се случи – вели Крак.

Големата Наградана Бахреин беше почеток од соништата за Астон Мартин, чиј болид почна да го привлекува вниманието на ривалите на предсезонските тестирања. Алонсо по крајот изјави дека не мисли дека финишот на подиумот е можност за цела 2023 година, при што Крак исто така призна дека не размислувал за пласман во топ 3 на почетокот на трката.

Не смееме да го изгубиме теренот под нашите нозе и веднаш да сонуваме за подиуми. Знаевме дека не сме лоши, знаевме дека имаме силно темпо на трката.

Но, толку многу работи може да тргнат наопаку. По два круга, не сонував за подиум, да бидам многу искрен со вас.

Значи, треба да видите како се одвива трката и само да се фокусирате на вашата работа. Имавме и откажување за Шарл, што не треба да го заборавиме. Сè на сè, можете да сонувате за подиуми, но не треба да ги предвидувате.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ