Кубица сеуште се чувствува младо

Роберт Кубица помина четири тркачки должини на патеката во Барселона при тестот на новите гуми на Пирели и изјави дека иако е стар, сеуште може да извози толку многу. 

Полјакот го помина Вторникот и Средата возејќи за Алфа Ромео на тестот на Пирели, заедно со Алекс Албон за Ред Бул и Даниил Квјат за Алпин ги тестираа новите 18-инчни гуми на Пирели за наредната година. 

Полјакот извозе 240 кругови во текот на двата дена и тој е задоволен со возењето што му помага во одржувањето на кондицијата и формата. 

Имавме доста продуктивен ден. Секогаш е добро да видиш нови работи и гуми кои се многу важни за Формула 1 и ова е прв ден за нашиот тим со новите тркала.

Поминавме многу километри и собравме многу податоци кои ќе треба да ги анализира Пирели. Би рекол дека имавме многу работа овие два дена. Не сум го возел болидот скоро шест месеци и ова е добар начин да ја задржам кондицијата – свесен е кубица.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ