Латифи би бил резерва, но само како чекор кон враќање на гридот

Николас Латифи би размислил дали да прифати резервистика улога во некоја Формула 1 екипа и посочи дека би го направил тоа само како попадна станица за повторно враќање на гридот.

Канаѓанецот има уште две трки за Вилијамс пред да замине од екипата на крајот од сезоната по три години во Вокинг откако во Септември беше објавено дека заминув од тимот. Николас секогаш вели дека е отворен за било какв можност за во иднина,  најмногу се зборува за негов трансфер во Индикар.

Следната сезона ќе биде прва по 2018 година во кој Латифи нема да биде на никаков начин вклучен во соработка со некоја Формула 1 екипа. Во 2018 година работеше со Форс Индија како тест возач, пред да стане развоен пилот на Вилијамс и да дебитира за нив следната сезона.

единствено би размислил за резервна улога како трет возач во некоја екипа ако тоа е реален начин да се вратам на гридор во иднина, но не гледам дека таква можност можам да добијам некаде во моментов.

сепак, алекс албон лани покажа дека се е можно, но мислам дека беше во различна ситуација со ред бул.

лично јас не гледам дека резервист во некоја екипа е нешто што сакам да го работам во иднина и претпочитам да се повлечам од формула 1 за да ги разгледам опциие на друго место – вели латифи.

Неговиот менаџерски тим преговара со доста екипи во различни тркачки сери за следната сезона, а најверојатно ќе стане дел од најсилнаа американска серија, Индикар. Тој посочи дека уживал да гледа Индикар и му е омилена серија по Формула 1.

ако се префрлам во индикар, сакам да се тркам и на овали. не сакам да губам можност за повеќе поени во шампионатот само поради тоа што нема да возам овали. ако возам повеќе години таму, можеби само првата година нема да возам овали, но понатаму ќе возам.

на тој начин ќе бидам повеќе во позиција да се борам за подиуми и победи, како и за титули, нешто што ќе биде помалку веројатно ако возам само на традиционални патеки.

на почетокот од мојата кариера мислев дека се опасни и небзбедни, но тоа повеќе не е така и дефинитивно сакам да ги пробам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ