Латифи незадоволен: Сакав да постигнам повеќе

Канаѓанецот Николас Латифи мина три години во Формула 1 со Вилијамс, но Гранд При трката во Абу Даби беше последна за него затоа што екипата реши да го замени со младиот американец, Логан Сарџент.

Ники посочи дека сакал да постигне повеќе во спортот за време на неговиот престој откако пред време се откажа и од последната трка по сударот со Мик Шумахер.

инцидентот со мик ми ја уништи трката поради тоа што имав проблем со електрониката кој ме примора да се откажам. не е добро затоа што тоа не беше начин на кој закав да ја завршам кариерата – посочи латифи.

Во своето време во Гроув, Латифи три пати заврши во поени, а учествуваше во последниот квалификациски сегмент единствено на Британското Гранд При оваа година.

благодарен сум за трите години со вилијамс во формула 1. го напуштам спортот, а сакав да постигнам повеќе, но не секогаш работите се онакви какви што посакувате. имав подеми, имав и падови, а стекнав и многу пријателства во падокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ