Латифи: Тоа што немав што да изгубам не ја намали фрустрацијата

Фрустрацијата на Николас Латифи поради неговите потешкотии во Формула 1 во доцниот дел од сезоната не беше намалена и покрај тоа што немаше што да загуби со Вилијамс откако неговото заминување беше потврдено во Септември.

Латифи го имаше својот последен настап во Ф1 со Вилијамс во Абу Даби, откако тимот одлучи да го замени со Формула 2 возачот Логан Сарџент за сезоната во 2023 година.

Канаѓанецот постигна девет поени за време на неговиот тригодишен престој во Вилијамс, но се бореше да ја изедначи формата на тимскиот колега Алекс Албон во текот на оваа сезона.

Откако ги освои своите единствени поени во годината во Јапонија завршувајќи како деветти, Латифи не успеа да забележи пласман повисоко од 16то место на последните четири трки од сезоната.

И покрај тоа што имаше потврда за неговата иднина што го отстрани притисокот од борбата за своето место, Латифи по неговото последно возење во Абу Даби рече дека тоа не ја намалило фрустрацијата за тоа како завршила сезоната.

Постои дополнителен емотивен аспект од борба за своето место кога работите не одат добро – рече Латифи.

Но во исто време, сè уште имам фрустрација и разочарување, дури и кога знам дека дадов се.

Само затоа што знаев, не значи дека не е важно. На некој начин немаше што да се изгуби, но сепак многу фрустрации и разочарувања во последните шест трки.

Латифи се бореше да се прилагоди на новиот болид на Вилијамс во почетокот на годината, но и покрај подобрувањето во средината на сезоната по промената на шасијата, неговата форма не успеа да направи голем подем.

Тоа го натера Вилијамс да потврди пред Големата Награда на Сингапур кон крајот на Септември дека Латифи нема да биде задржан за 2023 година, оставајќи го да истражува други опции.

Размислувајќи за своето време во Формула 1, Латифи рече дека тоа било во најмала рака градење карактер, но изрази благодарност за можноста што ја уживал.

Многу возачи би убиле за да возат на една трка, јас успеав да возам три сезони во Ф1 – рече Латифи.

Сигурно беше тешко. Си заминувам со чувство дека сакам да постигнам повеќе. Би сакал да останам и да се обидам да се подобрам себеси, да се подобрам со тимот.

Но, не успеав. Го знаев тоа веќе неколку трки. И да, сега е време да се фокусирам на следното поглавје.

Латифи допрва треба да ги финализира своите тркачки планови за следната година, но познато е дека ги проценува опциите во ИндиКар и спортските автомобили.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ