Либерти го одврзаа ќесето, тимовите добија аванс

Формула 1 тимовите добија аванс за да се заштити системот од пропаст поради пандемијата од Ковид-19 која донесе големи финансиски проблеми во функционирањето на екипите поради недостатокот од прилив на пари предизвикано од недостатокот на тркање.

Тимовите добија процент од целокупниот Формула 1 приход кој оваа година може и да го нема. Топ тимовите имаат гарантирани добивки според Конкорд договорот со Берни Еклстон додека останатите добиваат дел од профитот врз база на нивниот пласман во шампионатот на крајот од сезоната.

Извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, изјави дека некои тимови добиле аванс од профитот за да ја надмнат кризата.

Имаме сценарија без трки и такви со 15 до 18 трки, а тие ќе започнат само со тимовите без публика. Сакаме да организираме на повеќе места.

Чејс и неговиот тим ни презентираа повеќе опции, но сеуште е се отворено. Разгледуваме некои трки во западна Европа за да се започне сезоната. Сепак, сеуште нема никакви гаранции.

Мафеи изјави дека трки без публика многу ќе им наштетат бидејќи нема да има приход за организаторите и промотерите, пари од кои тие потоа уплаќаат на Либерти Медиа по основ на котизација, односно право да се организира трка.

Има предизвици кои бараат финансирање, а Трки без публика немаат никаква профитабилност. Имаме доста трошоци за оваа сезона, но има тимови чии трошоци зависат од профитот на Формула 1 и тоа е можеби најголемиот дел од нивното финансирање.

Независно од тоа дали има профитабилни или непрофитабилни трки, тимовите имаат трошоци и тоа е предизвикот. Не смееме да дозволиме тие да банкротираат.

Не ги охрабруваме екипите со нашите пари, но сепак мора да се направи баланс меѓу оперативен бизнис со моменталните резултати наспроти оперативни резултати во форма на нашите тимови што имаат трошоци.

Им дадовме аванс на некои тимови. Има такви случаи каде тоа е и повеќе од потребно. Не е ова отворена сметка, но Сакаме тие да постојат и понатака потенцираше Мафеи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ