Либерти незадоволни: Мерцедес се предобри

Главниот извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, смета дека на Мерцедес им оди премногу добро, а тоа не е во ред за тркачката серија воопшто/

“Сребрените стрели“ има пет последователни 1-2 победи по ред на исто толку трки сезонава и се чини дека тие и нивните возачи се единствени кандидати за титула годинава. Откако издоминираа претходните пет сезони во спортот од почетокто на В6 турбо хибридната ера, екипата од Бракли продолжува во исто темпо.

за жал барселона не беше возбудлива како што очекувавме. на мерцедес премногу добро му оди благодарение на валтери ботас, луис хамилтон и тото волф. тие вршат фантастична работа, а ние би сакале многу поинтересни трки – изјави мафеи.

Тој појасни дека Формула 1 е потценета во однос на парите, а проблемите со Ф1ТВ платформата значат дека растот е забавен.

21 трка во 21 земја, а само една во америка. сеуште мислам дека можеме многу да ја зголемиме базата на фанови во сад со оглед на можностите. тоа е долгорочен план.

имам студии кои покажуваат дека ако ги земеме врвните спортови, формула 1 прави 8% помалку пари по корисник од лигата на шампиони и тоа мораме да го поправиме. имаме многу можности за раст на пазари како америка, но тоа не може да се случи преку ноќ.

веројатно ќе имаме и втора трка во америка наскоро и ќе се зголемува интересот на фановите. од преноси на вториот и третиот канал на нбц дојдовме до одлични преноси на еспн и нешто на абц, така што таму напредуваме.

можностите за раст во америка се вистински, а подобрата монетаризација има потенцијал во однос на дигиталната технологија. уште една голема можност како сад е кина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ