Лорен Роси е причина за заминувањето на Прост од Алпин

Четирикратниот Формула 1 првак и жива легенда на спортот, Алан Прост, откри дека неговото заминување од Алпин дошло откако се почувствувал запоставен ии оттргнат од Лорен Роси, Главниот извршен директор на компанијата.

Французинот беше Неизвршен директор и Советник на францускиот производител, а неговото отстраунвање од тимот дојде во период во кој Алпин прават промени во врвот на својот Формула 1 тим. Тој посочи дека се чувствувал изолирано минатата година по пристигнувањето на Роси на чело ка компанијата, така што станал несреќен со позицијата во тркачката екипа.

минатата година беше вознемирувачка за мене затоа што чувствував дека оние кои се долго време во тимот требаше да заминат. јас ја прифатив промената затоа што знам дека во формула 1 не е лесно. свесен сум дека работите може да се направат поинаку, тоа е и беше правено минатата година, а за мене стана многу сложено.

не бев дел од носењето одлуки повеќе, понекогаш не се согласував со одлуките, но морав да стојам на официјалниот став на компанијата.

дури и како член на бордот, некои одлуки ми беа кажувани во последен момент, а сметам дека мораше барем на време да бидам информиран. се работи за почит, а останувањрот во тимот стануваше се потешко и поклмплицирано. чувствував голема љубомора – си ја отвори душата професорот.

Французинот посочи дека Роси, кој работи на создавање на нова менаџерска структура, требало јасно да му каже дека повеќе не е поребен како Советник во екипата.

лорен роси сака да остане сам и да не бие вознемируван од никого, а самиот ми кажа дека советник на него повеќе не му е потребен. тоа ми го кажа во катар, но ми понуди договор за абу даби, договор кој јас го одбив.

морам да кажам дека јас сеуште верувам во амбициозниот проект затоа што истиот е сочинет од мотивирана група на луѓе.

во моментов се случува борба во тимот и се отстрануваат многу луѓе затоа што лорен роси сака да биде во центарот на вниманието. јас сакам вистински да бидам дел од тимот, да ме прашуваат и слушаат, да бидам вклучен во носењето одлуки. намерно бев тргнат на страна и чував за себе и во себе иако не се согласнував со многу работи.

Пред Прост, жртва на Лорен Роси беше Марцин Будковски, Извршниот директор на тимот, кој беше отстранет од екипата, а се очекува Отмар Шафнауер да дојде на негово место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ