Лорен Роси: Не е фер да ја загубиме Франција

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, смета дека не би било фер да ја снема Франција од Формула 1 календарот наредната година. 

Пол Рикар беше домаќин на последното Француско Гранд При во неделата и се очекува трката во иднина да не се вози повеќе на сметка на некои нови држави и патеки. Катар и Лас Вегас се најновите патеки кои ќе се приклучат во календарот, а можен е договор и со Јужна Африка. 

Алпин е француски тим сопственост на Рено и има француски возач, Естебан Окон. 

Не зборувам како менаџер на француски тим или французин. Мислам дека Франција е одличен домаќин на спортот. Има голема публика и фанови. Не би било фер да се тргне трката во Франција од календарот и се надевам дека ќе остане – посакува роси.

Пред трката во Франција домашните возачи Пјер Гасли и Естебан Окон стоеја пред сите кога се свиреше националната химна и се вееја француските знамиња. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ