Лорен Роси: Пиастри не ги испочитува ни Вилијамс

Шефот на Алпин, Лорен Роси, откри дека Оскар Пиастри избрал нетрадиционален начин да добие место во Мекларен и дека не го испочитувал ни тимот на Вилијамс. 

По многуте проблеми со договорот, беше одлучено дека Пиастри има валиден договор со Мекларен, а Алпин извисија. Роси продолжи со критиките за однесувањето возачот и немањето желба на Пиастри да помина неколку години во Вилијамс пред да помине во голем тим, како што беше случај со повеќе возачи. 

Тоа е разочарувачки. Ние бевме целосно посветени, лојални и Инвестиравме многу. Направивме правни и техничка грешки бидејќи му ја отворивме вратата.

Не верувавме дека ова ќе се случи. Му дадовме многу и требаше да ни врати. Расел помина три години во Вилијамс и многу научи, а и Леклер го направи истото. Верстапен, истото како и Фетел. Листата е долга. Тоа е нормално кога некој тим инвестира во тебе. Тој не сакаше да вози за Вилијамс – откри главниот извшрен директор на алпин.

Интегритетот на Пиастри се доведе во прашање од страна на тимскиот шеф Отмар Шафнауер, а со тоа се согласува и Роси. 

Премногу сме разочарани од нашата работа и инвестиција во него, Но направивме грешки бидејќи го почитувавме сработеното. Тој сакал да оди на друго место за подобар договор. Се се случува со причина. Не сме ги делеле истите вредности Можеби е подобро што се разделивме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ