Лосон и Пјастри добиваат слободен тренинг

Лиам Лосон ќе го добие својот прв Формула 1 тест за време на Белгиското Гранд При кога ќе биде во болидот на АлфаТаури, додека Оскар Пјастри ќе вози за Алпин на Спа или на Монца. 

Сите тимови мора да им дадат по две тренинг сесии на младите возачи во текот на сезоната, а единствен исклучок е Алфа Ромео бидејќи Жу Гуанју се смета за млад возач и како таков ги одработи првите две трки од календарот.

Повеќето од 19 тренинг сесии сеуште не се одлучени кој ќе ги вози и кога. Тимовите мора да најдат слободен тренинг, но тој да не биде во Сингапур или Сузука поради претешките карактеристики на патеките и фактот што последен пат се возени во 2019 година. 

За да се намали ризикот се избира Белгија иако шансите за дожд им отежнуваат на младите возачи. 

Шефот на Алфа Ромео, Фред Васур изјави дека не сакаат да му дадат сесија на Тео Пурчер поради тоа за време на петочнтие сесии ќе има и тест на Пирели и тоа ќе ги искомплицира работите. Покрај ова има и Формула 2 и Формула 1 трка во ист викенд и самиот Пурчер сака да се фокусира на Формула 2. 

Франц Тост од АлфаТаури изјави дека ќе го пуштат Лиам Лосон на Спа. Ферари сеуште не се одлучиле за Роберт Шварцман кој ќе вози под израелско знаме иако досега возеше под руско. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ