Мајами стана најгледана трка во живо во историјата на САД

Големата награда на Маја привлече најголема публика во живо во историјата на Формула 1 во Соединетите Американски Држави.

Спортот цели да ја искористи популарноста на тркачката серија во САД која во голема мера е помогната од серијата на Нетфликс, така што зголемување на бројот на трки на континентот е чекор во таа насока.

Трката беше пренесувана во живо на АБЦ и привлече просечна гледаност од 2,6 милиони со што стана најгледан настан во живо во историјата на американската телевизија. Најголема гледаност во еден момент била 2,9 милиони гледачи.

Претходниот рекорд го држеше Бразилското Гранд При од 1995 година кога просекот на ЕСПН беше 1,744 милиони гледачи.

Квалификациите за прваа трка во Мајами на ЕСПН беше гледано од 953 илјади гледачи просечно, додека првата тренинг сесија привлече 398 илјади гледачи. Тоа се најгледани квалификации и тренинг сесии на ЕСПН откако тие го превземаа пренесувањето на Формула 1 трките во 2018 година.

Трката беше успех во однос на публиката и шоуто, а на главната трка беа присутни 85 илјади гледачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ