Најбрзиот круг на Жу имал за цел да ги спречи Алпин

Во Алфа Ромео очекуваат нивната борба во 2023 година да биде со Алпин и Мекларен, објаснувајќи ја одлуката да го внесат Жу Гуанју во бокс за време на завршните фази во Бахреин.

Валтери Ботас профитираше од силниот прв круг и донесе четири поени со тивко и ефикасно возење до осмото место. Возачот на Алпин, Пјер Гасли, се искачи од задниот дел на гридот до 9то место и беше на пат да го освои дополнителниот поен откако го постави најбрзиот круг на трката во таа фаза. Тоа беше се додека Алфа Ромео не го внесе Жу од 13то место во завршните кругови и го опреми неговиот Ц43 со комплет меки гуми, дозволувајќи му на кинескиот возач да се го постави најбрзиот круг во трката.

Бидејќи Жу не заврши во топ 10 и на крајот се пласираше на 16то место, тој не доби поен за поставување на најбрзиот круг, но кругот обезбеди Гасли да не го добие дополнителниот поен.

Нашиот предизвик засега е да се фокусираме на Алпин и Мекларен, тие имаа некои проблеми – рече шефот на инженерите на Алфа Ромео, Џеви Пујолар.

Веројатно единственото нешто што во Бахреин недостасуваше е дека сакавме да бидеме во К3, бевме блиску, ги пласиравме болидите на 12то и 13то место и потоа се боревме за поени.

Нашата цел беше борба со Алпин и Мекларен, да имаме добра доверливост и мислам дека ги погодивме сите овие цели.

Бевме пред Алпин и Мекларен, завршивме со два болида на крајот на трката, а добивајќи го овој најбрз круг со Жу, ја отстранивме можноста за Алпин, па ако можеме вака на секоја трка, ќе бидам многу задоволен.

Резултатот го постави Алфа Ромео на петтото место во почетните фази од сезоната, со два бода повеќе од шестопласираниот Алпин, при што Пујолар е уверен дека тимот може да ја оствари својата амбиција во 2023 година.

Имаме добра основна линија и имаме некои работи што се случуваат во фабриката за во иднина, така што сигурен сум дека сите ќе се залагаат многу напорно за да донесат ажурирања – рече тој.

Сакаме да продолжиме да се бориме со врвот на средниот ред, тоа е нашата цел. Мислим дека можеме да го постигнеме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ