Новата Алфа имаше прво возење во Барселона

Новиот Алфа Ромео болид го имаше своето прво возење на реална патека откако тимот реши да го проба на автодромот крај Барселона.

Ц43 беше претставен неделава, а технички поткованите навистина го бендисаа поради решенијата особено на подот. Швајцарската екипа беше првата која реално го проба својот болид за претсојнав сезона откако веќе три екипи покажаа со какви шари ќе се тркаат, но никој не возеше.

Сепак, повеќе од јасно е дека верзијата која Алфа Ромео ја промовираа нема да биде онаа која ќе се вози сезонава, туку истата ќе претрпи измени.

Екипите имаат право два пати во текот на сезоната да искористат дена за снимање кој е ограничен на само 100 километри и се вози со посебни гуми со цел да не се користи за тестирање. Освен за маркетинг цели, тие денови се користат за екипите да добијат првичен осет за болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ