Новиот Алберт Парк ќе биде 5 секунди побрз

Во австралиски Мелбурн, поточно во Алберт Парк, во полн ек се работите околу промените на патеката која е домаќин на Гранд При трката, а со цел олеснување на пратекнувањето, а како последица на тоа, очекувањата се дека времињата по круг ќе се намалат за 5 секунди.

Во тек се неколку геометриски промени, проширувања и промени на аглите на кривините за поинтересна трка во Ноември. Највидлива е промената на комплексот кривини број 9 и број 10, каде наместо силното запирање на тесниот свиок во десно, ќе има летечка кривина кон Лејксајд Драјв.

Ќе бидат доработени и други делови од патеката кои ќе бидат проширени или променети со цел да се добијат повеќе тркачки линии со цел зголемување на блиската трка.

Првата кривина ќе биде проширена за 2,5 метри во десно, третата кривина ќе биде проширена за четири метри исто така во десно. Шестата кривина ќе биде проширена за 7,5 мтри во десно за да стане летечка, наместо бавна. Во средниот дел од таа кривина ќе се забрзува од 149 кмч на 219 кмч по што ќе следува 13та кривина.

Шиканите број 9 и 10 ќе бидат нова ДРС зона која ќе води до Лејсајд Драјв додека 13та кривина ќе стане побавна и потесна со проширување на влезот и посилен агол при врвот на свиокот. 15от свиок ќе биде исто така проширен во десно.

Промени ќе има и во нумерацијата на кривините и ќе има вкупно 14 така што моменталниот комплекс 11/12 ќе стане 9/10.

Според Австралиската Гранд При Корпорација, промените ќе донест квалификациски времиња побрзи за 5 секунди од досегашните што значи дека брзината ќе се зголеми на 251 кмч односно ќе порасне за 15 кмч, а крајната брзина ќе достигне до 330 кмч. Најголемиот притисок врз болидите во текот на кругот ќе биде 5,4 Г.

Делот пред боксовите веќе е проширен за два метри, а планот е да се зголеми ограничувањето на брзината пред гаражите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ