Норис пробувал различни патеки за време на тестот

Ландо Норис последен пат оваа сезона беше на патеката во својот болид за време на првиот тест ден кои екипите по трката во Абу Даби, на истата патека ќе го одработат за Пирели.

Младиот британец комплетира 104 кругови во МЦЛ34 болидот, дистанца од речиси две трки со најдобро време доволно добро за 6то место во вкупниот поредок на крајот од денот.

Денот е посветен на Пирели и тестирање на новите гуми, но тој се фокусирал и на своето возење.

јасно е дека ова беше тест за пирели и пробување на следните гуми со кои ќе се вози во 2020 година како и споредба со овогодинешните.

имав куси серии за тест на перформансите без да променам ништо на болидот за да можам соодветно да ги проценам различните гуми.

за мене ова беше добар ден да истражам различни стилови и техники на возење како и да одберам различни патеки на движење.

се на се денот беше продуктивен, минав доста километри и донесов многу податоци за пирели и за тимот, а во исто време и многу научив – изјави норис.

Карлос Саинз ќе го превземе болидот вториот ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ