Објавен календарот за 2022: Имола наместо Кина

Формула 1 го објави најдолгиот календар во својата историја, календаро за 2022 година кој ќе има 23 трки, но без Кинеско Гранд При.

По состатокот на Светскиот Мотор Спорт Совет во Петок, беше објавена драфт верзија на календарот за следната сезона. Сезоната ќе ја отвори Бахреин на 20 Март, а ќе ја затвори Абу Даби точно 8 месеци подоцна.

Последните две сезони се одработеа под големо влијание на пандемијата, имаше откажување на трки, а се очекува догодина да се врата Австралија, Канада, Јапонија и Сингапур. Но, поради рестрикциите за патување, Кина и Шангај нема да се дел од првенството, а спортот најави дека најбројната земја во светот ќе се врати во календарот штом ќе се создадт услови за тоа.

Местото на Кина догодина ќе го заземе Емилија Ромања Гранд При, трката на легендарната Имола која е закажана за 24 Април. Мајами ќе дебитира во 8от ден од Мај, по Имола, а пред Барселона на 22 Мај.

Напорниот календар треба да заврши во Нември, пред почетокот на Светското фудбалско првенств и поради тоа на три пати ќе има густ распоред од три последователни настани. Иако три последователни трки се нешто што екипите не го сакаат, за календар со толку многу настнани, тоа мора да се случи.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ