Окон имал пеколен крај на квалификациите

Естебан Окон приреди изненадување откако пред крајот на квалификациите во Монако извозе најбрзо време и имаше провизорна пол позиција. 

Одлуката да тргне прв во последната фаза од квалификациите Окон ја објасни на следниот начин:

Токму тоа го направивме во Мајами. Сакавме да избегнеме евентуално црвено знаме како во Мајами. Сакав да излезам порано со два сета гуми и тоа го направивме, Но немаше црвено знаме иако излезе добро. Мора да го имаме тоа на ум.

Окон “падна“ на четврта позиција зад Верстапен, Алонсо и Леклер.

малку бев фрустриран што само 188 милисекунди ме двојат од пол позиција. Еден подобар излез некаде или поладни гуми и ќе беше друго.

Како ја поминуваа линијата, другите возачи добивав известување. Беше пеколно додека чекав да видам што ќе се случи. 

Сепак Естебан ќе стартува од трета позиција поради казната на Леклер од три позиции и цели на уште една победа покрај таа од Унгарија. 

Фернандо ќе стартува втор и знам дека ќе ризикува за да дојде во водство. Се надевам дека ќе ни го отвори патот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ