Окон: На Гасли нема да му треба помош во Алпин

Естебан Окон се сомнева дека на неговиот нов колега во тимот, сонародникот Пјер Гасли, ќе му треба помош да се приспособи во Алпин и од него ќе имаат доста корист во 2023 година. 

Гасли ќе се приклучи на Алпин за наредната сезона и тимот ќе биде целосно француски со двајца француски возачи. 

Мислам дека не му треба помош. Има доволно искуство и има возено за повеќе различни тимови. Мислам дека брзо ќе го научи болидот.

Тимот и јас имаме важна работа да завршиме. Треба веднаш да сме брзи и да освојуваме поени. Веќе тестиравме некои делови и беше охрабрувачки, Но тоа се само симулации. Сепак Пјер многу ќе ни помогне – сигурен е естебан.

Гасли уживаше во тестот на болидот на Алпин и смета дека има доста потенцијал. 

Нема голема драма. Разбирам дека медиумите сакаат да направат драма, Но имавме разговори на кои се потсетувавме на моментите од детството. Двајцата доаѓаме од ист регион каде трениравме на иста патека. Пјер прв пат кога возеше картинг, тоа беше мојот картинг. Имаме одлична заедничка приказна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ