Окон: Разговорите со Абитебул пред трка ми помогнаа

Естебан Окон вели дека кратките разговори пред трките со тимскиот шеф Сирил Абитебул му помогнале да се снајде во тешките моменти по враќањето во Формула 1.

Окон се врати во Рено по пауза од една година која ја помина како резервен и тест возач на Мерцедес. Бидејќи му требаше време да се навикне на перформансите во Формула 1 и новиот болид, Окон не успеа да испорача вистински резултати.

Не чувствувам притисок дека мора да постигнам резултат или да имам неверојатна трка. Имав разговори со Сирил пред трките и тој, особено во тешките моменти, ми даваше голема поддршка и беше многу позитивен. Секогаш ми дава добри совети, а тоа е добро од шефот веднаш пред да влезете во болидот. Ве опушта, ве релаксира.

На Шакир, немавме добри квалификации, но тој ми порача, знаеш дека ќе биде интересна трка, а имаме и кул стратегија. Ќе имаш силна трка, знај го тоа. Биди трпелив, се ќе дојде. Со среќа. Тоа е се што кажа и беше навистина добро.

Не чувствував притисок. Сега мислам дека е појасно дека тимот може да се потпре на мене во тешки моменти. Можам да бидам силен и да ја завршам работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ