Окон бара подобри трки од Алпин

Алпин имаа добра трка во Мајами, но сепак, Естебан Окон би сакал да види што помалку разочарувања од тимот. 

Екипата до сега има освоено само 14 поени кај конструкторите, додека французинот имаше неколку казни од самиот почеток на сезоната. Лорен Роси, кој е Главен извршен директор на тимот, изјави дека екипата се однесува аматерски на моменти и побара подобрувања од шефот на тимот, американецот Отмар Шафнауер.

Нашите мисли остануваат со жителите на Емилија Ромања, но фокусот ни е на Монако. Како и во Мајами, мора да се потрудиме да имаме добар викенд и да донесеме поени. Имавме неколку разочарувачки викенди, но тимот е фокусиран да има подобри трки до крајот на сезоната – посочи французинот.

Откажувањето на Имола му донесе олеснување на Алпин што значи дека Пјер Гасли избега евентуална казна поради број на казнени поени на суперлиценцата. Окон смета дека тимот мора да даде се од себе за да ги сврти работите и да биде во поени. 

Сакаме да ја покажеме нашата брзина и да се натпреваруваме со топ тимовите. Монако е секогаш возбудлив викенд и сакаме да приредиме шоу за нашите фанови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ