Окон: Тркањето со Хамилтон беше како во картинг

Естебан Окон смета дека жестоката борба против Луис Хамилтон на Јапонското Гранд При била многу забавна и го потсетила на деновите во картинг.

Тој и седумкратниот првак се следеа речиси цела 40-минутна трка во Недела на Сузука, а борбата стана особено жестока кон крајот. Но, пилотот на Алпин фантстично го одбрани своето 4то место, не правејќи ниту една грешка по многу тешките услови.

одлично е што освоивме многу поени. викендот не изгледаше добро, на почетокот веројатноста беше да не видиме трка поради многу лошото време. но, дождот се намали и јас верував дека ќе можеме да се тркаме, а патеката доста брзо се исчисти и беше многу забавно што возевме – посочи естебан.

Иако Луис не успеа да го претекне французинот и да дојде до позиција повеќе од Јапонија, призна дека имале фантастична трка, што го потврд и Естебам.

се борев со луис и навистина многу уживав, беше навистина многу забавно. изгледаше како во картинг, се обидувате по различни линии на минување и буквално на сите кривини гледав во ретровизорите. одлично се бранев и беше многу забавно, така што сум среќен и задоволен од исходот.

Четвртото место на Окон беше дополнето со 7то на колегата Алонсо, така што ја вратија предноста пред Мекларен откако ја загубија една недела претходно со незавршените трки во Сингапут.

викендот беше одличен и беше прашање само на време пред болидот да покаже за што е способен. донесовме новини во сингапур и иако не работеа како што треба, на крајот се снајдовме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ