Олимпико анализа: Пирели задоволни од новите гуми

Италијанците од Пирели се задоволни од тестот на новата конструкција на гуми која треба да се воведе од Британското Гранд При, така што нема зошто истото да не биде направено.

Сите десет екипи добија можност да возат со новите задни гуми кои имаат кова конструкција и беа користени за време на двете петочни сесии по Ред Бил Ринг. Најголем дел од екипите открија дека се задоволни од новата конструкција на Ц4 која ќе биде медиум викендов.

Последна шанса за проба на гумите пред да се донесе одлука за нивно користење екипите ќе добијат на денешната утринска сесија, но Марио Исола не гледа причина зошто тие да не се воведат на трката на Силверстон.

тестот беше позитивен. сакам да почекам да заврши и утринската сесија во сабота затоа што некои екипи планираат да ги возат и утре пред да донесеме конечна одлука.

не примив ниту еден приговор, не добив ниту еден негативен коментар. не видовме ниту еден податок кој ќе не наведе на тоа дека користењето на новите гуми од силверстон не е добро.

ќе ги добиеме целосните податоци вечерва и сакаме да го искористиме времето да ги анализираме истите пред да донесеме одлука врз база на пдоатоците. да бидам искрен, не гледам никаква причина зошто да не ги однесеме на силверстон – најави исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ