Перман: Новиот под беше фантастичен

Алан Перман, спортскиот шеф на Алпин, посочи дека новиот под кој тимот го користен на Азербејџанското Гранд При се покажал како одличен и покрај тоа што екипата од Енстон имаше очајно лош тркачки викенд.

Француската екипа донесе значителен пакет новини на трката низ улиците на Баку, вклучително и нов пакет, но спринт форматот не им даде време да истестираат се што донеле. Со само еден тренинг од 60 минути во петок, време за сетриање и експериментирање немаше, особено поради тоа што двата болиди на француската екипа имаа големи проблеми за време на тренингот.

Гасли трката ја заврши на 14то место, Окон зад него, така што поени за тимот немаше, но и покрај огромниот предизвик и проблемите, Перман смета дека екипата одлично прочитала како се однесува новиот под и што носи како перформанси.

за среќ добивме некои одговори за перформансите на новиот под. работи и всушност донесе повеќе перформанси одошто се надевавме и тоа е позитивната работа која треба да ја пренесеме од овој тркаки викенд.

продолжуваме со трендот да носиме нови работи на болидот без да ги тестираме премногу и тоа ни носи корист. тоа е нешто што ни влева самосоверба како и лани така што оптимисти сме за следните новини кои ќе ги донесеме – задоволен е перман.

Тимот продолжува со нови делови и на следните две трки од календрот, едната во Мајаи викендов, а другата на Имола потоа, трки кои ќе се работат по традиционалниот тркачки формат.

имаме нешто за мајами, друго за имола, а за потоа не можам точно да кажам, но дефинитивно од овие новини очекуваме по некоја десетинка, така што доаѓаат добри работи за нас и самодовербата ни е високо.

Перман посочи дека амбицијата да се заврши сезоната како 4та екипа сеуште е актуелна можност и покрај големиот заостаток зад Астон, Мерцедес и Ферари.

мораме д го направиме тоа, мораме да ја работиме нашата работа, д носиме новини и д го подобруваме болидот. лани се подобривме повеќе одошто останатите екипи, така што веруваме во тоа и оваа година.

сезоната е долга, имаме уште 19 трки така што има уште претерано многу. иамвме несреќни моменти, но сеуште сме на зацртаната цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ