Пиастри свесен дека во моментов нема шанса за Ф1

Лидерот во Формула 2 шампионатот, Оскар Пиастри, долго време се споменува како еден од најсериозните кандидати за место во Алфа Ромео догодија, но младиот австралијец вели дека шанса за Формула 1 догодина за него нема.

Оскар лани победи во Формула 3 серијата и како шампион таму, на одличен пат е да стане првак и во посилната Формул 2. 20-годишникот во моментов е пред колегата од Апин академијата, кинезот Гуанју Жу на два тркачки викенди до крајот, а неговите перформанси се импресивниж

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер, е менаџер на Пиастри, призна дека младиот возач речиси и да нема шанси за Формула 1, а Алпин ги држат сите конци во свои раце.

моите формула 1 шанси за следната година се многу мали, мислам дека речиси и да ги нема. знаме дека жу е многу често поврзувам со место во алфа ромео, а шанса има и џовинаци кој веќе вози за нив во моментов.

не мислам дека ќе го освојам местото догодина, мислам дека немам шанса за тоа единствено празно место на гридот. би бил пресреќен ако дојдам до него, но многу тешко веројатно – изјави пиастри.

Формула 1 е пред официјална потврда на новото правило кое ќе значи дека првата петочна тренинг сесија догодина ќе мора да ја одработи барем еден млад и неискусен возач во секоја екипа, а тоа ќе значи 23 сесии за Оскар во болидот на Алпин во 2022 година, како и резервистичка улога.

мислам дека најреална цел е да бидам резервен возач на алпин догодина затоа што на крајот на денот јас сум дел од нив и многу ја ценам нивната поддршка, а мислам дека и тие ме ценат мене.

најлогично е да станам нивни резервист следната година и да видиме каква програма ќе смислат за мене, а јас се надевам на тестови и петочни сесии потоа, од 2023 година, очекувам да имам формула 1 место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ