Пирели: Битката на патеката покажа дека гумите се добри

Марио Исол, шефот на Пирели моторспорт, изјави дека новите гуми на италијанскиот производител го даваат посакуваниот ефект за подобрување на тркањето откако последбите борби на Макс Верстапен и Карлос Саинз во Канада го покажале тоа. 

Двајцата возачи беа во тесна борба во последните 16 кругови во Канада откако Саинз со понови гуми го присикаше Верстапен. Тој остана во ДРС зоната до крајот на трката, но не успеа да го престигне и гумите не му прегреваа. 

За мене е најважно бидејќи имаше жестока борба. Целта беше да има блиска борба, а не само престасување со ДРС или друг систем.

Сакавме да им дадеме шанса на возачите да се борат на патеката. Тоа се случи со Макс и Карлос, но и со Леклер со Алпин. Тоа значи дека гумите даваат шанса и добро е тоа да се случи. Очигледно во иднина тоа ќе се подобри и веќе работима на гумите за наредната година. Целта е постигната и тоа е најважно – посочи исола.

Италијанецот објасни дека Пирели успеале да напреднат работејќи со тврдата суспензија. Најважен напредок е што гумите со таа потисна сила не прегреваат. 

Претходно болидот напред губеше потисна сила и гумите се прегреваа, но сега тоа не се случува и им помага на гумите.

Има нови компоненти кои работат подобро. Хард е константна, медиум се менаџира и софт е агресивна за да имаме различни стратегии и пристап. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ