Италијанскиот доставувач на гуми во Формула 1, Пирели, посочи дека трка со една промена на гуми е најбрз начин за комплетирање на Гранд При трката во Мајами, секако, доколку не врне.
Се очекува најголем дел од екипите да се решат на старт со жолто маркиран медиум и со него да возат од 13 до 20 кругови пред да променат на бело маркиран хард за да окрајот на трката.
Втор најбрз начин е комплетирање на предвидените 57 кругови исто така со почеток на медиум, но поголемо форсирање со првиот сет и негова промена од 11от до 17от круг и потоа промена на најтврдата компонента. Со бело маркираните гуми би се возело од 37 до 42 кеугови пред повторно да се вратат на медиум до 57от круг од настанот.
Можност има и за две застанувања, но и да се искористи црвено маркиран софт накрајот од трката за да се надомести и да се биде брз. Почеток на медиум исто како и претходната стратегија од 11 до 17 кругови, а потоа промена на хард, но со продолжена серија од 41от до 46от круг за на крајот да се “лета“ на софт.