Пирели предвидуваат различни стратегии за Монако

Од Пирели откриваат дека ќе има различни стратегии за време на денешната Голема награда на Монако.

Италијанците ги донесоа најмеките компоненти од својата гама и тоа Ц3 како најтврда, Ц4 како средна. Ц5 како најмека. Како и секогаш низ Кнежевството, трка со едно застанување е посакувана поради ниската деградација и големото време кое се губи во бокс во ситуација во која претекнувањето е речиси невозможно.

Екипите редовно ги користат најмеките гуми на трка, а итаијанците од Пирели најавија дека трошењето на гуми судејќи според досега одработените тренинзи и квалификации е поголемо од предвидувањата. Како резултат на тоа, не е неочекнувано ниту користење на најтврдите бело маркирани гуми.

Секако дека почеток на софт е опција за возачите со цел да се одржи позицијата на патеката колку што може подолго пред да се промени на потврда гума. Но, некој може да користи и медиум за стартот на трката за да се продолжи првата серија колку што може повеќе и да се искористи евентуално безбедносно возило.

Главоболка секако дека може да биде и дождот доколку се појави на трка како што велат прогнозите.

квалификциите завршија и сега фокусот е на трка со шанса за дожд како што вели прогнозата и можеби поладно време. што и да се случи можни се многу различни стратегии и сите три компоненти се во игра. 

најмеките гуми беа клучни за квалификации, но деградацијата беше голема, додека медиум и хард ќе бидат исто така добра опција за трка – посочи марио исола од пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ