Пирели предвидуваат силно менаџирање

Од страна на единствениот снабдувач со гуми во Формула 1, италијански Пирели, велат дека не исклучуваат стратегија и со три промени на гуми за време на денешната трка поради топлото време кое се очекува.

Температурата веројатно ќе биде над 30 степени целзиусови, а на асфалтот уште повисока што значи дека пневматиците ќе имаат дополнителен притисок за време на трка иако италијанците ги донесоа трите најтврди компоненти од својата гама за претстојниот настан.

Според шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, почеток на медиум, втора серија исто така на медиум, а софт за крајот е најбрз начин за комплетирање на трката, додека можно е и вторите две серии да бидат одработени со софт, но тоа бара многу повеќе менаџирање.

Се очекува најтврдиот бело маркиран пневматик да не се користи на трка и покрај тоа што има најдолг животен век, но податоците од Петок покажаа дека е драстично побавен од останатите две. Возачите имаат слободен избор на гуми, за разлика од лани, така што сеуште е непознаница кој со какви пневматици ќе почне.

беше топло на квалификациите и менаџирањето на софт гумтие беше клучно за да се извадат максимални перформанси од нив. не само тоа, туку стратегијата и пресметките на шарл леклер во однос на превземање на ризик беа клучни за неговата пол позиција, а само еден комплетиран круг во средниот сегмент може да му донесе предност од нов сет гуми на трка.

деградацијата дефинитивно ќе биде фактор на трката затоа што температурите ќе бидат уште повисоки. веројатно барселона ќе биде најпредизвикувачка трка по гумите до сега година, а менаџирањето и стратегијата ќе бидат клучни.

нешто што видовме, а што е интересно на т3 беше дека фокусот беше на подготовка на квалификации, оптимизирање на сетирањето и балансот – појасни исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ