Пирели со свои очекувања од Шпанија

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, предвидува дека екипите ќе одат на стратегија со две промени на гуми за време на трката во Барселона викендов.

Автодромот во Каталонија е место каде традиционално гумите доста се трошат поради долгит елетечки кривини кои секогаш носат деградација, така што стратегијата редовно е важен елемент. Пирели ги донесоа трите најтврди компоненти од својата гама, Ц1 ќе биде хард, Ц2 ќе биде медиум, а Ц3 ќе биде софт.

тешко е да се каже нешто ново за барселона, нешто што до сега не е кажано затоа што е најдобро позната патека во календарот за воачите и екипите, поради тоа што редовно тестираме таму.

патеката има по малку од се, многу технички последен сектор кој е важен  за менаџирање на гумите. како резултат на тоа, екипите имаат одлична шанса да направат добра проценка колку напреднале од предсезонскиот тест кој ан крајоф на февруари се одработи таму, иако овој пат ќе биде многу потопло што е поголем проблем за гумите. 

во минатото, барселона традиционално се возеше со две промени на гуми и ќе биде интересно да се види како новата генерација а поголеми тркала ќе се носи со притисокот – посочи исола.

Ланското Шпанско Гранд При го победи Луис Хамилтон со стратегија која му дозволи свежи гуми на крајот од трката и долга прва серија. На тој начин го намали заостаокот од Макс Верстапен и го претекна на крајот од трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ