Повеќе инженери си заминуваат од Астон Мартин

Повеќе инженери наеднаш си заминуваат од ненадејно конкурентниот тим на Астон Мартин.

Така гласи веста од Алгер Тулеуда Бонифасио, дописник на шпанскиот спортски дневен весник Diario Sport. Тој тврди дека тројца аеродинамичари заминувале од тимот со седиште во Силверстон, по ненадејните подиуми на Фернандо Алонсо зад доминантните возачи на Ред Бул досега во 2023 година. Тоа се Грант Кенеди, Маријано Алперин и Гуру Џол, а Кенеди и Алперин веќе станаа дел од тимот на Мекларен.

Во меѓувреме, Џол се префрла во друг тим во Формула 1 кој цели да се искачи во поредокот,  АлфаТаури.

Сепак, Астон Мартин не е загрижен за нивното заминување бидејќи тие беа важни за развојот на минатогодишниот болид. Нивната улога во болидот на Алонсо беше практично завршена – вели Бонифасио.

Поранешниот Ф1 возач, Марк Сурер, во меѓувреме, инсистира дека сугестиите дека Алонсо можеби веќе е во позиција да ја обезбеди својата посакувана трета титула се предвремени.

Ќе биде можно само ако другите возачи се откажат – изјави тој за formel1.de.

Ако Ред Бул продолжи да има проблеми со сигурноста, Алонсо сигурно ќе има шанса. Инаку, Астон Мартин треба да го развие болидот подобро од Ред Бул.

Предност е што Aстон Мартин беше толку ниско рангиран минатата година, а времето во воздушниот тунел може да се исплати во текот на сезоната – додаде Сурер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ