Повеќе тимови заинтересирани за Хонда

Од Хонда велат дека веќе биле контактирани од повеќе тимови од Формула 1 гридот во врска со партнерството кога новите регулативи за моторот ќе бидат воведени во 2026 година.

Хонда беше еден од шесте производители на агрегатни единици за кои беше откриено дека се регистрирани за новите регулативи од страна на ФИА претходно овој месец. Јапонската компанија официјално излезе од Формула 1 на крајот на 2021 година, но го задржа техничкото партнерство со Ред Бул Рејсинг и нивниот оддел Ред Бул Пауертрејнс за 2022 година. Таа соработка е задржана, со логото на Хонда кое се враќа и на болидите на Ред Бул и АлфаТаури и ќе продолжи до 2025 година, со погонската единица официјално означена како Хонда-РБПТ.

Останувањето како партнер на Ред Бул повеќе не е случајот по 2025 година, откако тимот објави претходно овој месец дека ќе работи со производителот Форд од 2026 година. Говорејќи за време на прес-конференцијата на Хонда во Јапонија во понеделникот, претседателот на Honda Racing Corporation, Коџи Ватанабе, го објасни актуелниот став на компанијата.

Формула 1 во голема мера се насочува кон електрификација. Јаглеродната неутралност е наша цел на целата корпорација во Хонда, така што мислиме дека идната насока на Формула 1 е во согласност со нашата цел, затоа решивме да се регистрираме како производител на агрегатни единици.

Ние сме љубопитни за тоа каде оди Формула 1 како врвна тркачка категорија и како тоа ќе изгледа со поголема електрификација.

Затоа решивме да се регистрираме како производител, а откако ја направивме регистрацијата бевме контактирани од повеќе Формула 1 тимови.

Засега би сакале внимателно да следиме каде оди Формула 1 и да видиме како се одвиваат работите, но засега немаме конкретни одлуки дали ќе се вратиме на приклучувањето во Формула 1.

Но, од перспектива на технолошкиот развој, мислиме дека да се биде дел од Формула 1 ќе ни помогне со технолошкиот развој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ