Погрешна одлука? Тилке ќе ја дизајнира патеката во Саудиска Арабија

Дизајнерот на Формула 1 патеки, германецот Херман Тилке, е повикан да ја дизајнира патеката во Саудиска Арабија за 2021 година.

Кралството ќе дебитира во Формула 1 следната сезона со трка која ќе се одржи на улиците на вториот по големина град, Џеда. По тоа, планот е трката да премине кон друга патека наменета за Формула 1. Гранд При-то во 2021 година ќе биде предпоследната трка од сезоната, а самиот Тилке ќе ја дизајнира уличната трка.

Помеѓу многуте патеки, Тилке е тој кој ги дизајнираше тие во Истанбул, Баку, Јас Марина и Ред Бул Ринг, односно популарните, за разлика од помалку популарните во неговото портфолио, Валенсија и Буд во Индија.

Принцот Калид Бин Султан Ал Фаисал, претседателот на моторспорт федерацијата во Саудиска Арабија, откри дека Тилке е повикан да ја дизајнира патеката поради краткото време за организација.

Поради времето кое го имаме, сметаме дека најдобра опција за нас е директно да одиме со Тилке.

Мора да работиме многу брзо и тоа ќе биде улична патека, не целосно нов проект, така што сакавме да повикаме некој кој има искуство на улични трки, наменети за Формула 1 трки.

Работиме блиску со Формула 1, Рос Браун, неговиот тим и Тилке. Не сакаме само уште една трка, сакаме нешто посебно, сакаме поинаква трка, ја сакаме најдобрата трка. Преку блиска соработка со Формула 1 и Тилке, ви ветувам дека ќе се истакнеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ