Подобрената Хонда ќе донесе опции во Ред Бул и АлфаТаури

Јапонците од Хонда веруваат дека подобрувањата во издржливоста и квалитетот на нивниот мотор ќе донесе повеќе стратешки можности за Ред Бул и АлфаТаури сезонава.

Од почетокот на годинава на сила стапи замрзнувањеото на Формула 1 моторите така што произодителите не смее да работат на перформанси, единствено може да се работи на издржливоста. Со воведување на мерки за подобрување на квалитетот и издржливоста, некои делови сигурно може да произведат повеќе перформанси или да бидат менаџирани на тој начин.

Во текот на зимата се појавија шпекулации дека некои производители само од подобрувања во однос на издржливоста ќе имаат двоцифрено повеќе коњски сили од минатата година.

Тетсуши Какуда, одговорниот на Формула 1 проектот на Хонда, посочи дека тие го подобриле моторо во однос на издржливоста и квалитетот, но тоа нема да донесе повеќе моќ од истиот. Сепак, јапонецот најави дека ќе се подобри начинот на кој Ред Бул и АлфаТаури ги користат моторите.

подобрување на издржливоста нема да донесе повеќе моќ од самиот мотор. согласно правилата може да бидат направени само ограничени промени во моторот, а ние се ершивме да направиме за да им дадеме повеќе стратешки можности на нашите екипи.

Инженерот појасни дека анализата на моторот лани и перформансите од истиот покажале дека тој бил репер за брзина на правците поради начинот на кој ја испорачувал моќта што придонесе и во доминантната сезона на Ред Бул.

мислам дека сите производители лани ставија акцент на перформанси во нивниот развој, исто како и ние. рано во сезоната успеавме да ги вратиме перформансите кои ги загубивме поради промената на горивото, но, како резултат на тоа, моторот работеше под поголемо оптоварување во однос на претходната година, така што издржливоста страдаше.

како резултат на тоа, лани се случија некои проблеми кои во текот на зимата ги решававме и не само што ги подобривме тие области туку и го подготвивме моторот да има повеќе стратешки сценарија со идентификување на лимитите на секој дел за максимизирање на потенцијалот.

дополнително ја подобривме издржливоста со подобро разбирање на моторот и контролирање и менаџирање на системот за повраток на енергијата. успеавме да созрееме во електрификацијата каде имавме предност лани особено со енергијата која ја добивавме од кинетичкиот мгу=к. дополнително, продолживме да работиме со нашите снабдувачи за подобра точност во процесот на производство, инспекција на квалитетот, раководењ и слично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ