Полицијата во Силверстон ги предупреди фановите

Фановите се предупредени од локалната полиција да не се доближуваат до автодромот Силверстон кога ќе се одржат двете трки во Формула 1 во Август, бидејќи нивното присуство може да ги стави во опасност настаните кои следат.

Откако Формула 1 сезоната ќе започне позади затворени врати, постои грижа дека навивачите ќе се обидат до дојдат блиску до патеката за да ја следат трката од одредени локации.

Пред трката во Силверстон на 2 Август, локалната полиција појасни дека такви собири нема да бидат толерирани и може да придонесат настаните да бидат откажани.

Организаторите на настанот поставија сериозни мерки со цел да се минимизира ризикот од инфекција и да е заштитат учесниците и вработените, како и локалното население. 

Секое неконтролирано собирање во областа, не само што ќе го доведе до опасност настанот, туку и целата Формула 1 сезона – гласи изјава од полицијата во Нортхамптоншир.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ