Британските фанови незадоволни од динамичните цени на Силверстон

Силверстон за оваа езона има предвидено динамични цени на влезниците за Големата награда на Британија, а промотерите сметаат дека тоа не е непријател на фановите.

Незадоволство се појави откако при продажбата на влезниците, цените се зголемуаа согласно побарувачката и бројот на фанови кои во исти момент беа на веб страната на трката со цел да купат влезници. И покрај незадоволството, билетите беа целосно распродадени за настанот кој ќе се организира на 9 Јули, а некои влезници беа продадени за четирицифрена сума на фунти.

Алехандро Соберон, промотерот на Мексиканското Гранд При, посочи дека динамичните цени не се непријател на фановите и покрај тоа што тие се главно незадоволни од тоа.

во силверстон треба да продолжат со тој систем, но секако дека фановите ќе бидат вознемирени. се работи за губитничка ситуација затоа што фановите ќе се среќни само ако им дадете ефтини билети со кои вие губите, тогаш имате задоволни гледачи, но вие губите пари како промотери на трка.

искрено, непријател број еден на фановите е секундарниот пазар каде се препродаваат влезниците, а не динамичнит цени. платинумските влезници се на секундарниот пазар кој не е регулиран и каде губат промоерите, уметниците и властите затоа што сите тие плаќаат данок, а секундарниот пазар го нема тоа – потенцираше соберон.

Мексиканецот посочи дека организацијата на Силверстон е во право со системот затоа што се обезбедува вистинска цена за вистинските фанови.

се што помага да се намали секуднарниот пазар и да се постигне вистинска цена треба да се проба, така што по мене во силверстон се во право. треба да најдат вистински баланс без да се вознемируваат луѓето, но секако дека секогаш ќе има незадоволни.

не може да се прошири капацитетот кога имате коцнерт. носите пејач кој ќе изведува, ставате 120.0000 влезници на продажба, а на платформата преку која се продаваат има 2,4 милиони различни корисници кои сакаат да купат влезница.

некои од купените влезници се продаваат по повеќе од 10.000 долари на секундарниот пазар, тоа не е фер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ