Поради густиот распоред, Пирели се мачи да најде денови за тест

Италијански Пирели се мачи да најде доволно слободни термини за да ги одработи дозволените 25 денови тест за развој и проба на гумите кои ќе се користат во Формула 1 следната година и сето тоа поради густиот и збиен рекорден календар за сезонава.

Како резултат на овие проблеми, Пирели ќе користи податоци од петочни тренинг сесии кои ќе се одработат подоцна во текот на сезоната за да може да ги подготви своите нови гуми. Правилото им дозволува 25 денови за тестирање на италијанците за развој на производот за 2023 година и истото, поради огромната промена на правилата, треба да се направи со овогодинешни болиди, а не како до лани со постари машини.

Реален просто за тест на нови гуми има само на европските патеки каде Гранд При трките не се врзани во два викенди, така што периодот по Имола, по Ред Бул Ринг и по Хунгароринг е слободен за тестирање. Со две екипи на секоја од тие патеки, се доаѓа до вкупно 12 денови тест за италијанците, што не е ни половина.

План е да се користат и петочни тренинг сесии и возач кој ќе работи за нив, но тоа официјално сеуште не е одобрено.

ќе ги користиме актуелните болиди и за првиот дел од годината веќе имаме затворен распоред каде и со кои екипи ќе тестираме. во моментов разговараме со екипите и со фиа за да најдеме најдобро решение за вториот дел од годината.

ако го погледнете календарот, многу е збиен, има многу трки една по друг, дури и три трки по ред, настани преку океан на огромна оддалеченост едни од други и во таква ситуација е многу тешко да се побара од некоја екипа д аостане дополнителни денови за да тестира за нас и потоа да патува.

се обидуваме да најдеме решени за да тестираме и во вториот дел од сезоната затоа што е јасно дека ни треба повеќе возење за развој на новите гуми, во спротивно ќе биде многу тешко и не може соодветно да изработиме. треба да тестираме различни решенија, да ги анализираме резултатите, да развиеме нови идеи, да размислиме и така натаму – посочи марио исола, шефот на пирели моторспорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ