Поради пандемијата, Силверстон уназаден пет години

Оперативниот шеф на Силверстон, Стјуард Прингл, вели дека економските последици од пандемијата со корона вирусот го уназадила бизнисот на Силверстон за цели пет години.

Патеката во Нортхемптоншир беше принудно затворена 12 недели како резултат на марките од Британската Влада, односно немаше никакви активности од 23 Март. Во тој период беа откажани неколку поголеми трки кои беа закажани како отворањето на Ендјуранс серијата како и МотоГП трката.

Претстојните два викенди на програмата ќе бидат Британското Гранд При како и Формула 1 трката по повод 70-годишнината од спортот и истите ќе се одработат без фанови, со што се одзема голем приход од саиот автодром. Но, за возврат, Силверстон нема да има потреба да ја плати сумата за организација на трка до Формула 1 како и трошоците за организација на самиот настан.

По стабилизирање на ситуацијата, одговорните на автодромот превземаат активности за диверзификација на своето деловно портфолио и правење на компанијата да не зависи исклучиво од трките.

се искачуваме по многу долга скала и стануваме многу уморни поради тоа, но мислам дека нашиот бизнис ќе се стабилизира за пет години во однос на позициите од билансите на компанијата.

но, не се откажуваме иако е нова ситуација за нас, банките не разбираат и имаме голема поддршка од нив во однос на нашата стратегија и нашата визија. членовите на брдц исто така се полни со поддршка иако се тажни поради напредокот со нивниот автодром кој е направен минатите неколку години сега веќе го нема.

но, таму сме каде што сме, сеуште работиме и тоа е многу повеќе од многу бизниси во моментов затоа што е тешко време за сите – смета прингл.

Прингл исто така појасни дека пандемијата пристигнала две години прерано за нив во однос на нивниот план за диверзификација на деловние активности од традиционалниот модел.

нашиот модел е таков што парите потребни за опстанок ги правиме во мал број на месеци и наликуваме на некој голем хотел крај море кој инкасира пари само летно време, а мора да опстојуваат и во текот на зимата се додека туристите не се вратат следното лето.

таков е традиционалниот модел на работа на силверстон и ние размислуваме веќе подолго време да го промениме тоа, а годинава ќе претрпиме сериозни финансиски загуби. штета што по повеќе од пет години многу напорна работа на сите од тимот, да се вратиме на почетокот.

еден начин е да направиме промена односно да генерираме кеш како до сега и да трошиме цела година, а вториот начин е стратешки да го промениме бизнисот во динина. со втоиот начин се движиме во позитивна насока.

Автодромот на оние кои купиле влезници за овогодинешниот настан им понуди замена за карти за следната година, нешто што Прнгл вели дека 70% од оние кои имале карти го прифатиле.

сакам да кажам дека сум пресреќен со соработката на фановите кои одбраа да земат влезници за следната сезона. тоа е од голема корист за нас затоа што значи дека нема да имаме потреба да враќаме пари во период во кој немае приходи од нашите деловни активности. тоа ќе биде одлично за нашите биланси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ