Силверстон бара четиридневен тркачки викенд

Организаторите и промотерите на Британското Гранд При на Силверстон сакаат во иднина да организираат четиридневен спектакл за фановите, наместо како досега, тридневен викенд.

Трката е една од најпопуларните и најпосетените на календарот, а за време на трите денови акција лани, имаше над 400 илјади фанови, со просек поголем од 100 илјади дневно. Со цел да им дадат на фановите повеќе трки и да привлечат повеќе фанови, Силверстон бара начин да го прошити Гранд При викендот.

Формула 1 традиционално има возење во Петок, Сабота и Недела, така што планот е да им се даде повеќе простор на пропратните серии како што Австралија прави со Суперкарс, Порше Карера Куп и С5000 кои се возат во Четврток.

бараме начин да го прошириме викендот. јас секојдневно работам со формула 1 и верувам дека треба промена на форматот на викендот, иако тие се оградуваат и ми велат дека е тоа работа на фиа.

сакам да се случува нешто во четврток затоа што многу луѓе сакаат да дојдат и да гледаат тркање, а три денови не се доволи. сакаме да направиме нешто големо, како фестивал, луѓето да доаѓаат во четврток со шатори и да се забавуваат – посака стјуарт прингл, оперативниот шеф на патеката.

Годинешнава трка е веќе распродадена, но тоа не е ни чудо затоа што огромниот раст на популарноста на Формула 1 руши рекорди на сите патеки каде “циркусот“ гостува. Патеката работи неколку години на подобрување на забавата, вклучително и повеќе концерти.

Прингл е задоволен што атмосферата е многу поразлична од пред неколку години ког трката беше под знак прашалник.

не е спорно дека ќе имаме распродадени влезници за трката во недела, а од пред неколку години ја распродаваме и сабота, а сега и петок каде продажбата на билети оди одлично. таму е профитот, во целосно распродадени три денови, а ако немаме профит, како што велеше берни, не можеме да инвестираме во инфструктура.

брдц како сопственици на патеката не можеа да направат профит 40 години, така што сега сум задоволен што сопствениците привлекуваат огромен интерес од промотерите. со подобри објекти, со константни инвестиции, се испорачува подобра забава за фановите, а тоа е подобро и за самата формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ