Порше нема намера наскоро да влегува во врвот на моторспортот, а инсајдер од Фолксваген групацијата најавува дека “едноставно времето е погрешно“.
При најавата за новите правила од 2021 година, Порше како дел од Фолксваген беше сериозен кандидат да се врати во спортот, но ФИА и Формула 1 попуштија на сегашните производители во врска со моторите, тешко дека ќе има драматични промени, така што нови доставувачи тешко е да се очекуваат.
времето за влез во формула 1 едноставно е погрешно – објаснил инсајдер од Фолксваген за германски Auto Motor und Sport.
Во исто време и Стефано Доменикали, поранешниот шеф на Ферари и сегашен на Ламборџини, отфрли влез на спортскиот италијански бренд во спортот.
инвестицијата за самото учество, без да се смета на победи е превисока. се додема формула 1 е двокласно општество, за нас серијата не е интересна. ако влеземе сакаме да бидеме силни и да можеме да победуваме.
приоритетите на ламборџини се поинакви за разлика од ферари кои се родени во тркањето, ламборџини не се – изјави доменикали за Auto Bild.
Минатиот месец и првиот човек на ФИА, Жан Тод, призна дека тешко е да се очекуваат нови производители во спортот и дека целта е да се заджат постоечките.