По критиките од Роси, промени во Алпин

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, најави дека доаѓаат промени во екипата по критиките од Главниот извршен директорк, Лорен Роси.

Роси го нарече тимот аматерски поради грешките од Баку и Бахреин, а како одговор на критиките, Шафнаеур во Монако најави промени. 

Мора да најдеме што е проблемот на грешките кои се прават и да ги спречиме да не се повторат. Има два дела поврзани со Формула 1, Првиот дел е работата на 1.000 луѓе во Енстон и 350 во Вири и уште 100 кои патуваат. За перформансите одговаат во Енстон.

Работиме напорно да го подобриме болидот и мислам дека на крајот на минатата година доста напреднавме. Работевме и во текот на зимата, но не сме задоволни бидејќи не сме до Ред Бул, иако имаме жестока конкуренција во Ферари и Мерцедес и сега се додаде и Астон кој стигна од седма на втора позиција.

Некои цели погодивме, некои не, но грешките не вратија назад и мора да направиме промени. 

Шафнауер го замени Марсин Будковски на чело на екипата и верува дека искуството ќе му помогне на тимот да оди напред. 

Тука сум малку повеќе од една година и поминав доста време проучувајќи го тимот. Имам 25 години искуство и знам како работи екипа. Имаме разбирање и план, Си правиме сами притисок и мора да работиме да дојдеме до тоа, Но немаме Ред Бул тука. Ред Бул се среќни што сите ние се трудиме да ги стигнеме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ