По поените од Италија, Жу нетрпелив за трките во Азија

Жу Гуанју е возбуден за наредните трки во Сингапур и Јапонија од кои очекува да освои поени и да ја продолжи серијата на топ 10 пласмани која ја започна во Италија. 

Последните поени на Жу беа во Канада и сега тој заврши на 10та позиција во Италија и донесе поен за себе и тимот. 

Одамна немам освоено поени. Првиот дел од сезоната имав доста незавршени трки, а во вториот дел не бевме конкурентни. Денес имавме добар резултат на домашната трка за Алфа Ромео. Задоволен сум од трката – изјави кинезот по италијанското гранд при.

Во Зандворт, Жу заврши на 16та позиција единствено пред Даниел Рикардо и Николас Латифи, но тој е сигурен дека може да поентира на наредните трки. 

Мора да анализираме што е погрешно и да се вратиме посилни во Сингапур и Јапонија. Со нетрпение ги чекам тие трки кои се блиску до дома за да ја искусам подршката на блиската публика. мислам дека ќе биде тешко до крајот – свесен е возачот на алфа ромео.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ