Првиот човек на Рено убедува дека тимот останува во Ф1

Главниот извршен директор на Рено повтори дека компанијта ќе остане во Формула 1 и тоа го кажа при посетата на падокот во Шпанија минатиот тркачки викенд.

Ова го откри Сирил Абитебул по периодот на несигурност и реструктуирање на матичната компанија. Лука де Мео, поранешниот шеф на Фолксваген и Сеат, стана прв човек на Рено на првиот ден од Јули по скандалозниот период на неговиот претходник, Карлос Гхосн.

Гхосн го остави Рено во многу тешка ситуација, но на крајот на Мај беше извршено реструктуирање на компанијата во екот на пандеијата, а Колтид Делбоа беше поставен за ВД Главен извршен директор.

лука де мео почна да работи кај нас на први јули и веднаш ги прошета сите фабрики и локации, а енстон е како и сите други фабрики.

исто така кон крајот на неделата ќе дојде и во вири, но успеа да ме смири и да ми ја каже улогата која формула 1 проектот ќе ја има во реконструкцијата и трансформацијата која се одвива во рено во моментов – изјави сирил абитебул за Canal Plus.

Истото го потврди и Естебан Окон:

пред последната трка де мео имаше говор пред целата екипа, има интересни планови и не става никаков притисок над нас, туку спротивно на тоа, ни даде огромна поддршка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ