Промотерите од Сочи не се откажуваат: Трка може да има

Промотерите на Руското Гранд При во Сочи не се откажуваат од својот Гранд При настан и сметаат дека истиот може да се одржи и покрај тоа што Формула 1 веќе објави дека септемвриската трка нема да се појави во календарот.

По руската инвазија на Украина од Четвртокот, спортот излезе со официјално соопштение во Петок со кое се откажува од трката сметајќи сека е невозможно да се организира. На овој потег дадоа поддршка многу возачи од падокот, а најгласен беше Себастијан Фетел кој уште претходно најави дека нема да оди во Русија.

Промотерите на трката, омпанијата Росгонки, реагираа на соопштението од Формула 1 дека трката е откажана, најавувајќи дека нема да ги враќаат парите на оние кои купиле билети затоа што гледаат можност трката да се одржи согласно првичниот распоред од календарот.

според официјалното соопштение од формула 1 од петок, поради актуелната политичка ситуација во светот, фиа одлучи да ги суспендира подготовките за гранд при трката во русија односно во сочи закажана за септември затоа што сметаат дека е невозможно да се работи во актуелните услови.

договорот помеѓу актуелниот промотер росгонки и формула 1 е суспендиран поради причини надвор од било чија контрола.

купените карти не се откажани, нема потреба за враќање на парите за сега затоа што сметаме дека трката ќе се одржи согласно првичнит план.

росгонки продолжува со своите активности како вообичаено и прави услуги на гостите на сочи автодромот, организира моторспорт настани и други активности на федерално, регионално и општинско ниво како дел од првично одобрениот календар за користење на патеката – велат од росгонки.

Трката сезонава требаше да биде последна во олимписко Сочи, затоа што беше предивдено истата да се префрли во Санкт Петерсбург од 2023 година. Претседателот на Русија, Владимир Путин е чест гостин на настанот. УЕФА веќе одлучи да го откаже финалето на Лигата на шампиони кое требаше да се случи во Мај во Санкт Петерсбург.

Сочи требаше да биде почеток на торјна програма, а како негова замена, секако поради близината, се споменува Турција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ