Прост: Клиентски болид е незамислива идеја

Француската Формула 1 легенда и Советник на Рено, Алан Прост, ги отфрли гласините дека е можно да се корситат клиентски болиди за да се надмине корона кризата. 

Хорнер и Биното веќе предложија помалите тимови да ги намалат трошоците со купување минатогодишен болид од врвните екипи на гридот. 

ДНк на Формула 1 е да се биде конструктор. Тимот треба да си го направи болидот иако работиме со доста стандардни делови. Мислам дека стандардизација не е лоша идеја, Но идејата да се продава цел болид е незамислива за мене. Тие тимови ќе немаат шанса да победат – смета професорот.

Прост смета дека правилата треба да им помогнат на малите тимови. 

Ова може да се направи со различен аеродинамички модел. Помалите тимови сеуште може да победат со нови иновации. На пример, во 1981 година во Лас Вегас, имав напред квалификациски гуми бидејќи тие за трка не беа загреани. Никој не ја повтори таа идеја, но тоа одлично ми одговараше. Тоа што ни треба е да се развие нов концепт. Треба да се направат иновации, да се зголеми учеството на возачот затоа што Неговиот инстинкт е примарен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ