Прост: Смртта на Хубер покажа дека безбедноста треба да биде уште посилна

Поранешниот четирикратен Формула 1 првак, Алан Прост, вели дека смртта на Антоан Хубер покажала дека безбедноста во моторспортот треба и мора да биде уште посилна.

Во емотивно интервју во пресрет на Белгиското Гранд При, а ден по смртта на штитеникот на Рено, Прост откри дека во пресрет на викендот тие одобриле програма за младиот воза во Формула 1 тимот следната година. Алан, како Неизвршен директор на тимот, бил задолжен да го надгледува напредокот на Хубер поради што и смртта многу го погодила.

навистина е многу тежок момент за сите во тркањето, многу тажно и многу тешко за нас. како што знаете тој беше член на нашата акдемија и поради тоа е тешко за сите во семејството и пријателите.

нешто што ми паѓа на памет се 1980-тите години кога мислевме дека смрт не може да се случи повторно, но се случи. знаеме дека тркањето е многу опасно, сите спортови се опасни, но тркањето е далеку од безбедно.

видовте дека пред некое време и во велосипедизмот имавме две млади момчиња мртви и секогаш смртта ги наоѓа младите. тешко е, но сплотени сме, заедно сме и мораме да ги подобриме работите повеќе, за љубовта кон спортот и за љубовта кон животот – изјави прост.

Од своето пристапување во Академијата на Рено, Хубер напредуваше, а годинава имаше импресивна Формула 2 сезона убедувајќи ги французите да го задржав во својата програма.

јас го притискав и го донесов во адкадемијата, многу често зборувавме, беше добро момче, многу интелигненто и паметно, но и многу љубопитно. имаше и тстови во формула 1 годинава со нас во австрија, имавме програма за него и за следната година. сакавме да му помогнеме можеби да стигне и до формула 1 и поради тоа сме премногу тажни, немам зборови 22 години се премалку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ