Прост ќе му помага на Естебан Окон

Четирипратниот Формула 1 првак, Алан Протст, ќе му помага на возачот на Рено, Естебан Окон да го достигне својот потенцијал и правилно да се развива.

Професорот е единствен французин со Формула 1 шампионски титули, а во моментов е Неизвршен директор на Формула 1 тимот на францускиот производител за кој вози Окон откако лани комплетираше сезона без трки како резервист во Мерцедес.

Во 2015 година Естебан победи во ГП3 тркачката серија, но од тогаш нема значителни успеси, иако долго време е штитеник на Мерцедес. Пласманот на 8то место на првата трка оваа сезона му е најдобар резултат годинава.

верувам дека можам да станам првак и многу е добро што често го имам алан на располагање преку телефон и ми дава совети. тој е клучен за успехот со неговите зборови и неговите искусни совети. дефинитивно сака да го следам неговиот пат и да го копирам неговиот начин на работа затоа што се што ми дава е само дополнителен мотив за мене. дури ако постигнам половина од тоа што го има тој постигнато ќе биде супер за мене – вели окон.

Во врска со тоа што го научил на Прост, Окон откри:

ми дава многу совети и многу често контактираме. работи околу работните навики, тој е одличен и супер ме насочува како да се прилагодам на тимот и некаква помош од надвор секогаш ми ја дава. дефинитивно сум среќен што можам да работам со него.

тој е важен за мене во оваа година во која се враќам во спортот во прва сезона со некоја фабричка, голема екипа. не се притискам себе си за оваа година, но морам да покажам брзина и да покажам резулти и поради тоа давам се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ