Пјастри бил свесен дека нема шанси за место во Ф1

Оскар Пјастри верува дека немал шанса за место во Формула 1 за наредната година откако се пополни и последното место во Алфа Ромео. 

Минатата година Алпин потврдија дека Пјастри ќе биде нив резервен возач наредната година откако неговиот колега од Академијата, Гуанју Жу, доби место во Алфа Ромео. Австралијанецот Пјастри води со 36 поени пред Жу во Формула 2 и беше поврзан со место во Алфа Ромео, но никогаш немал контакт со тимот. 

Никој не зборуваше со Алфа Ромео, Ниту јас ниту моите менаџери. Знаев дека се премали шансите и бев сигурен дека тоа нема да се случи – откри оскар.

Тој изјави дека би сакал да биде дел од гридот и засега е задоволен што останува дел од семејството Алпин. 

Реално е комплицирано да се излезе и да се проба болидот, Но доколку тоа се случи, не знам колку лесно ќе се приспособам. Очигледно Алпин беа добри со мене во последните две години и ми помагаат доста и затоа останувам лојален. Мислам дека немав шанса за местото во Алфа. Секако сакам да бидам на гридот и не сум разочаран од исходот. 

Во моментов Пјастри е најискусниот возач во Академијата на Алпин и смета дека има позитивни вести за него. 

Мислам дека голем тим како Алпин кој е фабрички тим има повеќе финансии, Но можеби е добро што Жу не е повеќе дел од тимот и ќе имам повеќе шанси. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ